дома Локално Од Горно Лисиче попладне почнува 48. Илинденски коњички марш

Од Горно Лисиче попладне почнува 48. Илинденски коњички марш

Од црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче попладне ќе тргнат 40-тина коњаници кои на 2 Август треба да пристигнат во Крушево на одбележувањето на големиот празник Илинден.

Меѓу учесниците на 48. традиционален Илиденски коњички марш има и пет девојки. Тие на 31 јули ќе се спојат со учесниците од Свети Николе, Кичево и Битола.

48. Традиционален Илинденски коњички марш се одржува секоја година во пресрет на одбележувањето на големиот државен празник Илинден во организација на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“.

 

 

ПредходнаПочина легендарниот македонски глумец Гоце Тодоровски
СледнаОгромен пожар се приближува кон Бордо, Макрон свикува кризен состанок