Променливо облачно време и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи не очекува денес, а веќе од утре под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и топло време.
За денес се најавува локално краткотрајно невреме проследено со силен ветер со брзина над 60 km/h, електрични празнења и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната од 27 до 35 степени.
Во Скопје, ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а во делови од котлината се најавува краткотрајно невреме со силен ветер, грмежи и услови за појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.



