дома Македонија Општество Утрово од 5 часот за камионите се затворени границите кон Грција, а...

Утрово од 5 часот за камионите се затворени границите кон Грција, а патниците се пропуштаат на секои на 10 минути

Царинските службеници на грчките гранични премини денеска  го започнаа предупредувачкиот штрајк, и  не работат одноносно штрајкуваат во периодот од 5 часот до 9 часот наутро. Според најавите, трите гранични премини со Македонија се  затворени, а возила  се пропуштаат на секои десет минути.

За камионите и големиот транспосрт воопшто нема пропуштање и за влез и за излез.

Причина за штрајкот се додатоците на плата на царинските служби и лошите услови за работа. Тие бараат исплата на прекувремени часови, празнично, сменска работа и работа во викенди . Ова е на некој начин предупредувачки штрајк и се однесува на сите копнени гранични премини на Грција.

Министерството за внатрешни работи,   соопшти дека ќе се преземат сите мерки и оти ќе бидат ставени во функција сите човечки и технички капацитети, односно ке се работи по стандардни процедури  и немада има никаков застој на македонска страна,  односно се ке зависи од протокот на грчка страна.

Ако се земе предвид дека е шпицот на летната сезона , засега и нема преголем застој во движењето.

ПредходнаТрадиционална крводарителска акција во сеќавање на земјотресот во Скопје
СледнаПукање на фестивал во САД. Двајца мртви, дете меѓу повредените