дома Македонија Повлечен спорниот закон за Скопје – европска престолнина на културата

Повлечен спорниот закон за Скопје – европска престолнина на културата

Собранието го повлече спорниот закон за Скопје – европска престолнина на културата откако во јавноста излегоа низа реакции од страна на политички партии, Антикорупциската комисија и граѓански здруженија кои укажаа на можноста од корупција со овој закон.

Пред повлекувањето претходеа бурни процедурални забелешки, а потоа и итна координација кај претседателот на Собранието.

Законот беше поднесен од група пратеници од власта, а требаше да се носи по скратена постапка.

Со него се предлагаше формирање на Фондација, а јавните набавки требаше да бидат изземени од Законот за јавни набавки каде граѓанските организации го гледаат изворот на моѓна корупција.

Граѓански организации бараат стопирање на законот за проектот Скопје европска престолнина на културата

Реагираше и Левица која излезе со тврдење дека градоначалникот на Скопје веќе го назначил екс директорот на МРТ Марјан Цветковски за директор на Фондацијата.

Се огласи и Антикорупциската комисија.

ДКСК предупредува на корупциски ризици со Предлог-законот за реализација на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“,

 

ПредходнаМарија Зубер: Зголемен ризик од пожари во Грција, Италија и Централна Европа
СледнаСАД забранија увоз на хуманоидни роботи од Кина