дома Свет Французинка приведена под сомнеж за убиство на пет свои бебиња

Французинка приведена под сомнеж за убиство на пет свои бебиња

Француската полиција приведе една 32-годишна жена, откако во нејзиниот дом во местото Оранж беа пронајдени остатоци на пет бебиња, соопшти француското Јавно обвинителство.

Остатоците на петте бебиња беа откриени во понеделникот во стан во кој приведената жена живеела заедно со нејзиниот партнер.

Партнерот ги открил отатоците откако жената родила здраво бебе дома во неделата, кое потоаи било однесено во болница. Како што јавија француските медиуми, мажот изјавил дека „бил вознемирен бидејќи бременоста на неговата партнерка повторно била откриена многу доцна“, па решил да го пребара домот и таму пронашол „нешто што наликувало на човечки остатоци“.

Истражителите подоцна потврдиле дека станува збор за остатоци од коски од четири бебиња и едно новороденче. Остатоците биле пронајдени во картонски кутии.

Против жената е покрената истрага за „убиство на малолетник на возраст од под 15 години“.

Двојката има уште две деца, на возраст од 8 и 9 години. Тие се ставени под надзор на Службите за заштита на децата, кои дополнително ќе ја проценат нивната ситуација. Новороденото бебе, момче, е задржно во болница во очекување на одлука од страна на судија за малолетници.

ПредходнаБе-Ем-Ве ќе укине 8.000 работни места
СледнаМарија Зубер: Зголемен ризик од пожари во Грција, Италија и Централна Европа