дома Магазин Toa не e Здравко Чолиќ. Tоj ја поли публиката со вода,...

Toa не e Здравко Чолиќ. Tоj ја поли публиката со вода, а потоа го шутна шишето кон обожавателите: Видеото предизвика лавина од реакции

Легендарниот пејач Здравко Чолиќ на 25 јули одржа голем концерт во Требиње, каде што изведе тричасовен музички спектакл пред околу 15.000 луѓе, а еден од неговите потези во текот на настапот особено го привлече вниманието на публиката.

На концертот пристигнале обожаватели од Требиње, како и од бројни градови во Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Хрватска, за заедно да ги отпеат најголемите хитови на еден од најпопуларните пејачи од овие простори.

Во текот на вечерта се нижеле песни што ја одбележаа богатата кариера на Чолиќ, а публиката наглас заедно со него го пеела секој стих, потврдувајќи дека неговите песни сè уште имаат посебно место меѓу сите генерации.

 Сепак, еден момент од сцената се издвоил од останатите. Чолиќ среде концертот отворил мало шише со вода, а потоа ја испрскал публиката во првите редови, што предизвика воодушевување кај собраните фанови.

 

 

 

 

@ssatreb #zdravkocolic #Summer #friends #vine #trebinje ♬ original sound – Ssa Treb

Набрзо потоа, тој го шутнал празното шише кон публиката, а видеото од тој потег набрзо почна да се споделува на социјалните мрежи и предизвика бројни коментари.

ПредходнаГужви на Богородица, се чека околу 40 минути
СледнаНајнесреќни сме во нашите животи на 47 години.