дома Македонија Политика СДСМ: По седум градови, отровна вода и во Башино Село и изворите...

СДСМ: По седум градови, отровна вода и во Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

Гостивар. Крушево. Валандово. Булачани. Пласница. Лешок. Преглово. Маврово…. По седум градови со отровна вода, по Лепенец и Вардар, по Башино Село, сега и водата од изворите во Елшани и Велестово во Охрид не е за пиење, се наведува во соопштението од СДСМ.

Изгледа дека во Македонија веќе нема чисто место.

Мицкоски зборува за „нови бактерии“ во Гостивар.

Клековски ветува дека до крајот на неделата ќе може да се пие водата.

Секој си ја тера својата приказна.

Собирање политички поени наместо заштита на здравјето на луѓето.

Срам.

На ВМРО и на Мицкоски повеќе им е важен рејтингот отколку здравјето на граѓаните.

Ќе ја отрујат цела Македонија.

Кој знае колку уште општини и градови се загадени, а ние сè уште не знаеме?

Министерот за полиција Тошковски се занимава со хиперхлорирање како да работи во водовод.

Мицкоски ветува едно.

Клековски не презема одговорност.

Епидемија на жолтица е во тек. Сè уште нема одговорни.

Никој не ставил потпис.

Никој не ставил печат.

Никој не гарантира со своето име и презиме.

Не сакаат да кажат која институција и кое лице дало дозвола за користење на техничката вода во Гостивар.

Нема анализи.

Нема одговорно лице.

Нема име и презиме.

Само лаги, измами и префрлање одговорност.

Ова повеќе не е криза со вода. Ова е системско труење на државата.

СДСМ соопштение!

ПредходнаВМРО-ДПМНЕ: Ребалансот на Буџетот за 2026 е развоен и носи повеќе инвестиции и проекти додека капиталните инвестиции растат за 14,5 проценти
СледнаУапсен поранешниот градоначалник на Сплит, Жељко Керум