дома Свет Балкан Уапсен поранешниот градоначалник на Сплит, Жељко Керум

Уапсен поранешниот градоначалник на Сплит, Жељко Керум

Претприемачот, поранешен градоначалник на Сплит и претседател на Хрватската граѓанска партија (ХГС) Жељко Керум е уапсен во Вела Лука на Корчула, објавија хрватските медиуми.


Керум наводно е уапсен синоќа, наводно во врска со афера поврзана со крчмата „Пршут“ што ја поседува во Каштела.
Керум наводно е уапсен на концерт посветен на починатиот хрватски пејач Оливер Драгоевиќ.
Националната полициска служба за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал (ПНУСКОК) објави дека спроведува апсења и итни доказни дејствија во Сплитско-далматинската и Дубровничко-неретвската жупанија во врска со неколку лица за кривични дела поврзани со корупција.

Случајот го води ПНУСКОК, а Керум беше уапсен во врска со меаната „Пршут“ во Каштел Штафилиќ, која ја изградил нелегално, а легализацијата на објектот е под знак прашалник.

Индекс неофицијално дознава дека меѓу уапсените се внукот на Керум, Игор Сапунар, и Андрија Полиќ, поранешен виш стручен соработник за просторно планирање и градежништво во градот Каштела.

ПредходнаСДСМ: По седум градови, отровна вода и во Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид
СледнаГерасимовски: Да ги вратиме дебатите во партиските простории