дома Македонија (ВИДЕО) Доволна е само искра за катастрофален пожар, Ангелов со апел до...

(ВИДЕО) Доволна е само искра за катастрофален пожар, Ангелов со апел до граѓаните

Доволна е само искра за катастрофален пожар, потребна е максимална претпазливост од граѓаните. Првиот човек на  Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов со апел до граѓаните да бидат максимално претпазливи во периодот што следи поради високите температури што ќе ја зафатат земјава.

– Не фрлајте отпушок од цигари од кола, исчситете ја тревата од дворот на вашите викендици, направете широк земјен појас неколку метри, пријавете доколку забележите лабави електрични жици меѓу две бандери, советува Ангелов.

Посочува дека состојбата е аларманта и дека половина Европа гори, а бујаната вегетација, високите температури што се најавуваат, ниската влажност на воздухот и променливиот ветер се исклучително висок ризик за појава на пожари на отворен простор.

Во текот на јули во просек имало по 15 пожари дневно, но сите, според Ангелов, биле успешно локализирани и изгаснати.

 

ПредходнаПоделба на десницата во Полска: Поранешниот премиер Моравјецки формира нова пратеничка група
СледнаФинска повика на исклучување на Шпанија од Шенген зоната поради случувањата во Сеута