Според лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче,
вчерашните случувања за време на пленарната седница се последица на прекршување на Деловникот за работа, а пратеничката Илире Даути ги искористила механизамите за да добие одговор на поставеното прашање.
– Факт беше дека Деловникот е прекршен, пратеничка не добила одговор во рок од 20 дена, одлучи да ја блокира говорницата за да добие одговор и таа го доби одговорот. Нејзиното барање звучи логично, ги искористи механизмите. После тоа пратеничката доби одговор, и стигна писмен одговор, па потоа презема Весна Бендевска која изрежира проблем, оцени денеска Филипче на брифинг со новинарите.

Вели дека Мицкоски бега од пратеничките прашања затоа што нема одговори, а за Собранието вели дека одамна не ја извршува својата функција.
– Законите се носат по скратена постапка, се прекршува Деловникот, а сега се злоупотребуваат и процедуралните механизми за да се избегне парламентарната контрола на Владата. Пратеничките прашања се сериозен демократски инструмент и никој нема право да го обезвреднува нивното значење, рече Филипче пред новинарите.




