дома Свет Поделба на десницата во Полска: Поранешниот премиер Моравјецки формира нова пратеничка група

Поделба на десницата во Полска: Поранешниот премиер Моравјецки формира нова пратеничка група

Поранешниот полски премиер Матеуш Моравјецки заедно со околу четириесет пратеници се издвоија од најголемата опозициска партија, десничарската Право и правда (ПиС) и формираа своја парламентарна група наречена Развој плус (Р+). ПиС до сега беше најголемата партија во Парламентот, но сега по поделбата таа „титула“ ја презеде партијата на актуелниот премиер Доналд Туск, Граѓанска коалиција (КО).

Поделбата во ПиС е резултат на ескалацијата на несогласувањата меѓу два табора во партијата: едниот предводен од Моравјецки, а другиот од лидерот на партијата Јарослав Качински. Качински, кој е клучна фигура на десницата во Полска, со години имаше целосна контроја врз ПиС. Според Моравјецки, Качински ја насочил партијата во погрешна насока, односно „премногу в десно“.

Моравјецки смета дека ПиС има полоши резултати во неодамнешните анкети на јавното мислење поради претераниот десничарски курс, а тој самиот сака да ги привлече поумерените десничарски гласачи.

Новата пратеничка група Р+ на поранешниот премиер сега е трета по големина во Парламентот. КО, на Туск има 156 мандати, а ПиС 147.

Моравјецки најави дека нема намера да соработува со Владата, но тоа не го спречи Качински да го обвини дека е марионета во рацете на Туск.

Политичката агенда на Р+ сè уште не е сосема јасена, иако е познато дека Моравјецки не сака да заземе толку цврст став против ЕУ како што го прави ПиС.

Новата парламентарна група на Моравјецки добро стои на анкетите и се чини дека главно одзема гласови од ПиС. Сепак, тие анкети сè уште не се навистина сигурни, со оглед на тоа што групата штотуку е формирана.

ПредходнаАХВ: Бидете внимателни при набавката на храна, температурите од 40 степени можност за развој на опасни бактерии
Следна(ВИДЕО) Доволна е само искра за катастрофален пожар, Ангелов со апел до граѓаните