Слушнавме за голем број коктели именувани по луѓе, вклучувајќи и познати. И тоа не ни изгледа необично. Сепак, многу е поголема веројатноста да најдеме пијалок именуван по некое соседство.
Ни требаат само 4 состојки
Но, неколку коктели ни даваат токму таков пример. Меѓу нив се Бруклин – познатата њујоршка општина, како и нашиот денешен предлог – Бушвик.
Првиот од нив е класик од 1900 година, кој му се припишува на шанкер кој се обидел да создаде нов коктел што ќе стои рамо до рамо со иконскиот Менхетен и тогаш новосоздадениот Бронкс. Бруклин се покажа како далеку од популарен во поголемиот дел од 20 век, но доживеа оживување во 2000-тите, бидејќи шанкерите ги вратија коктелите од пред Прохибицијата.
И додека оригиналниот Бруклин е создаден за да се искористи модата коктелите да бидат именувани по општините во Њујорк, околу 100 години подоцна, Бушвик отелотворува нов тренд – шанкерите сега почнуваат да именуваат коктели по специфични населби во тие области, како што се Гринпоинт, Ред Хук и Беј Риџ.
Бушвик е прилично модерен коктел. Создаден е во 2009 година од шанкерот Фил Ворд во „Мајахуел“, барот што го водеше во Ист Вилиџ во Њујорк до 2017 година. Именуван по населбата во Бруклин, Њујорк, комбинацијата од ‘ржано виски, сладок вермут, ликер од мараскино и аперитив „Амер Пикон“ е во суштина верзија на класичниот Бруклин што го заменува сувиот вермут со сладок.
Но, иронично, постојат тврдења дека раните рецепти во Бруклин всушност се потпирале на сладок вермут, а подоцна се користел сув вермут. Затоа, Бушвик може да се смета за Бруклин направен според неговиот оригинален рецепт.
Сепак, модерниот пијалок е направен на база на виски, Carpano Antica Formula – сладок вермут, и ликер од мараскино, што му дава смел карактер, а во исто време го балансира вкусот. Последната состојка – Amer Picon, е француски аперитив со вкус на горчлив портокал, билки и зачини. Можеме да го замениме и со Amaro Lucano.
Еве како да направите Бушвик според рецептот на Ликор.
Што ни треба?
- 60 мл ‘ржано виски
- 22 мл сладок вермут
- 8 мл ликер од мараскино
- 8 ml Амер Пикон (или Амаро Лукано)
Истурете ги сите состојки во чаша за мешање полна со мраз. Мешајте 15-20 секунди додека добро не се излади, а потоа процедете во изладена чаша.




