На граничните премини меѓу Хрватска и Црна Гора – Карасовиќи/Дебели Бријег и Витаљина/Конфин, денеска од раните утрински часови има целосен сообраќаен колапс.

Според информациите од терен, како што јави Н1 Сараево, формирана е колона возила долга повеќе од 20 километри.
Хрватскиот автоклуб (ХАК) инфромира дека времето на чекање за премин на границата е повеќе од 10 часа, но возачи заглавени во колоната истакнуваат дека некои застои траат многу подолго.
Сообраќајот е целосно блокиран, поради што на локалното население му се препорачува да користи споредни селски патишта. Поради екстремно високите температури, многу патници излегуваат од своите автомобили и бараат освежување покрај патот.
Градоначалникот на општина Конавле, Божо Ласиќ, изјави дека ваквата состојба е неприфатлива, нагласувајќи дека локалното население со часови не може да стигне до своите домови
За да им се помогне на патниците заглавени на патот на тропската жега, обезбедена е цистерна со вода за пиење.
На акцијата за солидарност им се придружија и локалните жители, кои дистрибуираат вода и обезбедуваат тоалети во своите домови за возачите и патниците во километарската колона.




