дома Македонија Состојбата во Гостивар стабилна, нема нови хоспитализации

Состојбата во Гостивар стабилна, нема нови хоспитализации

Епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции, соопшти Министерството за здравство.

Во соопштението се посочува дека во текот на вчерашниот ден се регистрирани вкупно 57 први прегледи, што е за три помалку во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 60 прегледи.

Истовремено, вчера немало нови хоспитализации.

Заклучно со 1 август, регистрирани се вкупно 1.041 формална пријава за заразна болест и изработени се 734 нови епидемиолошки анкети, информира Министерството.

ПредходнаПитер О’Тул сам си го избрал 2 август за свој роденден 
СледнаНема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска