Иранското Министерство за надворешни работи ги предупреди земјите во регионот на Персискиот Залив да не им дозволуваат на САД и Израел да ја користат нивната територија за напади врз Иран, објави денес иранската новинска агенција Фарс.
„Владите во регионот имаат законска, верска и морална обврска да ги спречат САД и ционистичкиот режим да ја користат нивната територија и објекти за да го нападнат Иран“, се вели во соопштението на министерството.

Се додава дека континуираната поморска блокада и нападите врз иранските воени цели, цивилните области и инфраструктурата претставуваат „чин на агресија“ и кршење на Повелбата на Обединетите нации.
„Иран ќе го искористи своето право на легитимна самоодбрана“, соопшти иранското Министерство за надворешни работи.




