Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ објави фотографија на Инстаграм на која позира во атрактивно минијатурно бикини Burberry, а преку него има провидна црна кошула која го истакнува нејзиното беспрекорно и затегнато тело.

Ана вели дека не верува во диети, туку дека клучот е во здравата и балансирана исхрана.
Денот го започнува со детокс смути кое е добро не само за прочистување на организмот, туку и за енергија во текот на денот.
Лимон, јаболка, ананас, блитва или друго овошје и зеленчук со малку вода во блендер.
Составен дел од нејзиното дневно мени е и јапонскиот мача чај (зелен чај во прав) кој обично Ана го конзумира ладен.




