Пожарот во кавадаречко од попладнево повторно е реактивиран и проширен на тесно пристапен терен во атарот на селото Равец.

Пожарот, според првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, се разгорува со голема брзина.
На терен се испратени два ер трактора на ДЗС и два хеликоптера – еден полициски и еден армиски, изјави попладнево Ангелов.




