
Голем пожар попладнево нешто по 13:00 часот избувна на подрачјето на хрватскиот град Задар, во близина на локалната депонија. Во гаснењето на пожарот покрај пожарникари од Задар се вкучија и четири авиони. Нешто пред 15:30 часот пожарот е ставен под контрола.
„По 15:00 часот, интензитетот на пожарот беше намален и неговото ширење беше запрено. Сè уште има отворен пламен и сè уште се гаси оперативно на терен“, информираше командата на Јавната противпожарна служба на Задар.
Огнот зафати борова шума и ниска вегетација на тешко пристапен терен, создавајќи густ чад видлив од многу делови на Задар.
Пожарот избувна на неколку стотини метри од населбата Нови Бокањац.
Засега нема информации за повредени лица или загрозени објекти.




