дома Македонија Црна хроника МВР апси! За една недела, поради дрога приведени над 70 лица

МВР апси! За една недела, поради дрога приведени над 70 лица

Во текот на изминатата недела (27.07.-02.08.2026), полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на целата територија на државата лишија од слобода и приведоа над 70 лица поради сомнение за сторени кривични дела и прекршоци поврзани со недозволена трговија и поседување наркотични дроги.

При преземените мерки, кај лицата биле пронајдени и одземени различни видови наркотични дроги, меѓу кои бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, хашиш и марихуана, како и дробилки и други предмети поврзани со употреба и дистрибуција на дрога.

Кај дел од лицата, по наредба на надлежен суд, бил извршен и претрес, при што биле пронајдени дополнителни докази поврзани со кривичните дела.

Меѓу приведените лица има и странски државјани, односно државјани на Белгија, Турција и Германија.

По целосно документирање на случаите, против инволвираните лица ќе бидат поднесени соодветни кривични и прекршочни пријави.

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога и откривање на сторителите на вакви кривични дела, со цел заштита на безбедноста на граѓаните и јавниот ред и мир.

ПредходнаКилометарски колони кон Грција: Над 17.000 патници ја напуштиле државата преку Гевгелија за 24 часа
СледнаУтре ќе нема струја шест часа – ЕВН најави исклучување