
Три лица загинаа, а 13 други, вклучително и деца, се повредени, откако дрон се урна на плажа во одморалиштето Архипо-Осиповка на рускиот брег на Црното Море во во близина на градот Геленџик.
Регионалниот гувернер Венијамин Кондратјев изјави дека до инцидентот дошло при напад на „украински беспилотни летала врз цивилна инфраструктура“. Ваквите тврдења засега не можат да се потврдат од независни извори.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како дронот како се урива врз луѓето на плажата, по што следи експлозија.
Руските медиуми пренесуваат изјави на очевидци кои велат дека во близина на плажата биле видени дронови. Еден маж изјавил дека луѓето се криеле зад објекти на плажата и под лежалки, а друг рекол дека видел повреден човек со крваво рамо.
Местото на падот на дронот е на околу 20 километри од луксузен комплекс во близина на Геленџик, кој се поврзан со рускиот претседател Владимир Путин.
Во Геленџик минатата ноќ беше прогласена закана од дронови, а се слушале и истрели на противвоздушната одбрана.
Руското Министерство за одбрана тврди дека од синоќа до утрово на над неколку руски региони, над окупираниот Крим и над Црното Мор, биле пресретнати или уништени 131 украински дронови.




