Малата островска држава во Тихиот Океан, Науру официјално го промени своето име во Наоеро.

Властите објаснуваат дека името Науру првенствено се користело затоа што за странците било полесно да го изговорат отколку изворното име Наоеро. Според властите, со промената на името, земјата се враќа на своето традиционално име, кое подобро се совпаѓа со правописот и изговорот на локалниот јазик, а со тоа се нагласува и националниот идентитет.
„Оваа промена има за цел подобро да го почитува наследството на нашата нација, нашиот јазик и нашиот идентитет“, ијави претседателот на државата Дејвид Адеанг.
Според Адеанг, промената треба да го најави „почетокот на обновената национална гордост“.
Со приближно 12.000 жители, Наоеро е третата најмала земја во светот според население, по Тувалу и Ватикан. Земјата е исто така географски многу мала: островот има површина од едвај 21 квадратен километар.
Промената на името е дел од поширок напор за нагласување на сопствениот идентитет на земјата, во време кога Наоеро се соочува со неизвесна иднина.
Островот прво беше колонија на Германија, а по Првата светска војна беше под администрација на Австралија. Во 1968 година, островот стана независна држава. Во годините што следеа, земјата доживеа период на голем економски просперитет, благодарение на рудниците со фосфати.
Тоа богатство се покажа како нетрајно. Кога резервите на фосфати се потрошија и рударската индустрија пропадна во 90-тите години на минатиот вел, земјата се најде на работ на економски колапс.
Од друга страна, поради својата мала површина и локација веднаш над нивото на морето, Наоеро е особено ранлив на последиците од климатските промени и зголемувањето на нивото на морето.
Затоа, властите се обидуваат да привлече странски инвестиции преку платена програма за државјанство. Со приходите од ова, таа има за цел, меѓу другото, да го премести населението и инфраструктурата на места кои се помалку ранливи на зголемувањето на нивото на морето.
Властите сакаат да го користи новото име првенствено за да ја нагласат сопствената историја, јазик и идентитет. Името Наоеро веќе се користи во рамките на заедницата, а се појавува на националниот грб.
Промената на името има и голем број практични последици. Меѓународниот код на земјата се менува од NRU во NRO, а жителите отсега ќе се нарекуваат dei-Naoero наместо Наурунци. Националните авиони и бродови исто така ќе добијат ново име. Владата бара од другите земји и меѓународни институции да го усвојат новото име.
Наоеро не е првата земја што се дистанцира од колонијално име преку промена на името. На пример, африканското кралство Свазиленд официјално го промени своето име во Есватини во 2018 година.




