Ледените чаеви и лимонадите важат за најпопуларни безалкохолни освежителни пијалоци, но се повеќе популарнa станува хорчата – традиционален мексикански пијалок.
Освежителна, кремаста и неверојатно вкусна хорчата е дел од традиционалната мексиканска кујна и често се служи со зачинети јадења, но и како осветижелен пијалок за време на топлите денови.

Се подготвува од ориз, вода, млеко, цимет и ванила. За разлика од класичните сокови, хорчата има богата текстура и сладок вкус со препознатлива арома на цимет. Потекнува од Шпанија, но во Мексико доби потполно нова верзија и денес е еден од пијалоците кои може да се најдат во рестораните, на улица и на трпезите на семејните собири.
Се приготвува лесно – потребни се само 200 грама бел ориз, 1 стапче цимет, 1 литар вода, 500 мл. млеко, 80-100 гр. шеќер, една лажица екстракт од ванила и мраз.
Оризот се вари заедно со циметот и се остава да отстои најмалку четири часа, но најдобро е цела ноќ. Смесата се блендира додека оризот не се иситни по што се процедува низ газа. Во исцедената течност се додава млекото, шеќерот и ванилата и се добро се промешува. Пијалокот се остава во фрижидер да се излади, а потоа се служи со мраз. По желба одозгора може да се посипе цимет. Пијалокот се служи во високи чаши со многу мраз.




