
Откаако во блиската продавница и било речено дека нема добивка, една жена од јужниот италијански регион Апулија го фрлила своето „недобитно“ лото ливче во корпа за отпадоци. Но, кога жената, чиј идентитет не е откриен, се вратила дома член на семејството ѝ рекол дека се извлечени броевите што таа секогаш ги игра. Тие веднаш се вратиле во продавницата, само за да откријат дека кантата со отпадоци е однесена.
По ова откритие на оачјните молби на жената во потрага по ливчето се вклучиле работници на комуналната служба кои на карјот меѓу сметот го пронашле ливчето вредно еден милион евра.
„Неверојатно е што ливчето било сè уште неоштетено откако работниците го собарале отпадот во камион за смет“, изјави директорот на локалната комунална служба Роберто Никола Тоскано.
Тоскано објасни дека по извлекувањето во неделата жената отишол во локална продавница за да го провери своето ливче, но машината пожалала дека е „не добитно“. Според него, причина за ова е тоа што малите маркети можат да исплаќаат само помали добивки .
„Добитничаката секогаш играла исти броеви бидејќи биле поврзани со сакана личност“, нагласи Тоскано.
Тој додава дека комуналнире работници се вклучиле во потрага по ливчето без многу надеж дека ќе го најдат. Работниците го пребаруваа отпадот повеќе од еден ден и на крајот го пронашле ливчето.
„Кога ѝ кажав дека го најдовме, таа плачеше. Ќе ја прегрнав, но разговаравме по телефон“, рече тој.
Сепак, „спасувањето“ на ливчето имаше своја цена, па жената морала да потпише ветување дека ќе „покрие сите дополнителни трошоци“ настанати за време на пребарувањето.




