дома Гастронаутика Чудесните својства на смоквата

Чудесните својства на смоквата

Свежо исцедениот сок од смокви не е само вкусно летно освежување, туку и моќен сојузник за здравјето. Богат е со хранливи материи кои имаат корисен ефект врз дигестивниот систем, помагаат во регулирањето на крвниот притисок, а најновите истражувања покажуваат дека може да играат клучна улога во контролата на шеќерот во крвта.

Поради високата содржина на влакна, делува како природен регулатор на варењето. Овие влакна го поттикнуваат редовното празнење на цревата и го ублажуваат запекот, а имаат и пребиотски својства. Умереното консумирање, како на пример една чаша дневно, може значително да придонесе за намалување на надуеноста, велат експертите.

Сокот од смокви е и моќен сојузник за кардиоваскуларното здравје и здравјето на коските. Богат е со калиум неопходен за регулирање на крвниот притисок, а исто така е одличен извор на минерали за коските: калциум, магнезиум и фосфор.

Но, научните истражувања откриваат и еден фасцинантен парадокс. Смоквите содржат соединение наречено апсцисинска киселина (ABA), фитохормон кој покажа потенцијал во регулирањето на нивоата на гликоза кај луѓето.

ПредходнаТоплотниот бран се чувствува уште од рано наутро: УХМР ги објави утринските температури
СледнаФотографиите на Георгина Родригез во костим за капење го запалија Твитер: Некои ја критикуваат за целулитот, други ги фалат нејзините облини