дома Македонија Стручен надзор и странски експерт во случајот со пациентката која по царски...

Стручен надзор и странски експерт во случајот со пациентката која по царски рез остана неподвижна

Стручен надзор ќе се врши над целокупниот тек на породување и лекување кај 19-годишната струмичанка која по царски рез остана неподвижна.
Министерството за здравство соопшти дека вонредниот инспекциски надзор е завршен, без притоа да изнесе детали од него и дека имајќи ги предвид сериозните здравствени компликации на пациентката, донесено е решение за спроведување стручен надзор.
Комисијата за стручен надзор е составена од лекари специјалисти по неврологија, анестезиологија, гинекологија, радиологија и неврохирургија.
– Со цел да се обезбеди целосна, независна и објективна стручна процена, министерот за здравство побара во комисијата за стручен надзор да биде вклучен и медицински експерт од соседна држава. Тој ќе учествува во разгледувањето на целокупната медицинска документација на пациентката и во изготвувањето на стручното мислење за преземените дијагностички и терапевтски постапки.
По завршувањето на стручниот надзор, Министерството за здравство ќе ја информира јавноста за наодите и заклучоците, информира попладнево Министерстото за здравство.
ПредходнаУтре без вода корисниците од улицата „Ванчо Мицков“
СледнаНови повици на социјалните мрежи за масовен упад во Сеута