дома Свет Европа под вршник: Термометрите мерат рекордни температури, се гасат светла, нуклеарките без...

Европа под вршник: Термометрите мерат рекордни температури, се гасат светла, нуклеарките без вода за ладење…

Големи делови од Европа, која се загрева побрзо од кој било друг континент, деновиве се погодени од топлотен бран што предизвикува рекордно високи температури. Во повеќе делови на Италија, пред се во поголемите градски средини, се прогласени црвен метоо аларм и највисоко ниво на здравствено предупредување поради екстремни температури што не се случило аларм никогаш порано, Унгарија го исклучи осветлувањето на некои од своите најпознати згради за да ја намали потрошувачката на енергија, а нискиот водстој на реките го попречува нормалниот речен транспорт.

Европската унија ќе ги охрабри земјите членки да издвојат повеќе средства за мерки за намалување на ризикот од шумски пожари, чија економската штета оваа година веќе надмина 15 милијарди евра. Разорни шумски пожари летово најмногу ги погодија Франција, Шпанија и Грција.

Иако топли лета не се невообичаени за Италија, температурите во некои делови од земјата надминаа 40 степени Целзиусови, а во Бањакавало во близина на Равена, беа измерени 42,8 степени.

Поради ова Министерството за здравство на Италија прогласи црвен метео аларм во целата земја, од Палермо на Сицилија на југ, до Болцано на планинскиот север. Предупредувањето значи дека продолжената топлина претставува сериозен здравствен ризик за целото население, не само за старите лица, децата и хронично болните.

Аџиите собрани во Асизи за време на посетата на папата Лав Четиринаестти беа прскани со вода за да се разладат. Папата беше во Асизи на одбележувањто на 800-годишнината од смртта на Свети Франциск Асишки.

Туристите во Рим се засолнуваа од Сонцето со чадори и ги разладуваа рацете во градските фонтани.

Унгарија ги исклучи декоративните и другите неважни светла во сите државни институции, вклучувајќи ја и зградата на Парламентот и поголемиот дел од замокот Буда.

Рекордно ниското ниво на водата на Дунав ја принудија земјата речиси целосно да ја затвори својата единствена нуклеарна централа, која користи речна вода за ладење. Ова го доведе електроенергетскиот систем на Унгарија пред ризик од колапс.

Романија се подготвува да потоне четири баржи полни со камења во Дунав за да ја пренасочи водата кон својот единствен активен нуклеарен реактор и да му овозможи уште неколку дена работа.

Властите во Букурешт го намалија интензитетот на уличното осветлување за една третина и ги исклучија светлата на познатите згради и музеи во текот на ноќите.

Ниското ниво на водата на Рајна во Германија, исто така, предизвикува проблеми, бидејќи многу бродови можат да пловат само делумно натоварени, што ги зголемува трошоците за транспорт.

Рајна е една од најважните речни патишта во Европа за транспорт на жито, минерали, јаглен и нафтени производи.

ПредходнаНови повици на социјалните мрежи за масовен упад во Сеута
СледнаСтудија: Електричните тротинети се поопасни од мотоциклите и велосипедите