Бугарија, Романија и Шпанија потпишаа трилатерален технички договор за спроведување на прекугранични воздушни операции на НАТО, објави синоќа бугарското Министерство за одбрана.

Спогодбата се базира на договор од 2021 година меѓу владите на Бугарија и Романија и им овозможува на борбени авиони од трета земја, во овој случај Шпанија, да учествуваат во прекугранични воздушни операции на воздушна полиција, објави министерството, пренесува БТА.
Во рамките на Интегрираниот систем за воздушна и ракетна одбрана на НАТО (NATINAMDS), шпанските сили распоредени во мисијата ќе можат да извршуваат задачи за воздушна полиција во романскиот воздушен простор, каде што се распоредени во моментов, како и во бугарскиот воздушен простор кога е потребно.
Како што е наведено, заедничките мисии за воздушна полиција со други земји-членки на НАТО се дел од механизмите на алијансата за обезбедување на безбедноста на воздушниот простор на земјите на нејзиниот источен дел. Тие придонесуваат за подлабока сојузничка соработка во воздушната и ракетната одбрана и ги зајакнуваат колективните одбранбени способности.
Бугарските и шпанските воздухопловни сили, исто така, спроведоа заедничка мисија за заштита на бугарскиот воздушен простор во 2022 година.
Додека нејзините нови борбени авиони Ф-16 Блок 70 не достигнат целосна оперативна способност, Бугарија ќе продолжи да ги користи своите авиони МиГ-29 за заштита на својот воздушен простор и исполнување на своите сојузнички обврски, вклучително и тековната мисија на НАТО за воздушна полиција, изјави бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов кон крајот на јули.
Порано во јули, Министерството за одбрана изјави за БТА дека испратило барања до неколку земји во врска со достапноста на авиони и резервни делови. Стојанов подоцна изјави дека владата го бара авионот МиГ-29 исклучиво за резервни делови.
Писма се испратени и до Пентагон и Шведска во врска со евентуалното купување на користени борбени авиони Ф-16 и Грипен, иако додаде дека не очекува Бугарија да добие такви авиони.
Bugarija, Roman




