дома Избрано Нова теорија ги менува идеите за потеклото на животот на Земјата

Нова теорија ги менува идеите за потеклото на животот на Земјата

Порелигиозните веруваат дека Бог го создал животот на Земјата. Други веруваат во теоријата за Големата експлозија, која го создала универзумот пред милијарди години. Трети, пак, ја следат теоријата за космичкото потекло, како и онаа за биохемиската еволуција. Сега, едно ново истражување може да ги промени нашите идеи за сè што знаеме досега.

Нова теорија ги менува идеите за потеклото на животот на Земјата

Веројатно една од најголемите мистерии на науката до ден-денес е откривањето каде и како животот на нашата планета првпат се појавил од „исконска супа од неживи хемикалии“. Сега истражувачите од германскиот универзитет „Хајнрих Хајне“ во Диселдорф теоретизираа дека тоа можеби се случило преку сложени хемиски реакции на два различни начина во близина на длабокоморски топол извор.

Досега, разни студии нагласуваа дека богатата хемиска средина околу длабокоморските хидротермални отвори на океанското дно најверојатно е поврзана со појавата на првите живи клетки на планетата.

„Новите податоци водат само до еден заклучок. Бактериските и археските лози го направија преминот во состојба на слободен живот независно… Гледаме едно потекло на генетскиот код, но две потекла на животот“, објаснува Вилијам Мартин, биолог на германскиот универзитет.

За да дојдат до овој заклучок, научниците ја испитуваат мрежата на хемиски реакции што првите клетки веројатно ја користеле за да ги создадат градежните блокови на животот – молекулите. Тие исто така ги анализираат веројатните извори на енергија околу термалните извори, за кои се смета дека биле генератор на овие рани метаболички реакции. Тие вклучуваат геноми, протеински структури и хемиски реакции во близина на длабоките морски отвори.

И најважниот заклучок е дека ензимите што ги забрзуваат овие реакции се различни кај древните бактерии и едноклеточната животна форма археи, која живее на екстремни места. Ова значи дека овие две форми еволуирале во првите живи клетки на два различни начина, по различни патеки. Накратко, животот на Земјата не се појавил само на еден начин. Таквиот заклучок се донесува за прв пат, поради што се смета за револуционерен, објаснува „Индипендент“ .

„Можеме да видиме случаи каде што предците на бактериите и археите независно еволуирале структурно различни ензими за да катализираат истата основна метаболичка реакција“, додадоа биолозите. Тие исто така нагласуваат дека некои од раните форми на живот се потпирале на метални катализатори, како што е паладиумот.

 Ова откритие секако има големо значење во научните кругови, но веројатно нема да го промени начинот на кој ние, обичните луѓе, гледаме како настанал животот на нашата планета. Бидејќи ова навистина неверојатно нешто, кое можеби има логично објаснување, останува повеќе комплексна мистерија што е тешко да се објасни, но сите го гледаме нејзиниот производ околу нас.
ПредходнаВнимавајте – пластично шише заглавено кај тркалото од автомобилот може да значи кражба
СледнаСобираат докази ама обвинение нема,ако остане така на Груби му завршува протворот