дома Македонија ССНМ до Владата: Новинарските прашања не смеат да останат без одговор

ССНМ до Владата: Новинарските прашања не смеат да останат без одговор

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија со порака до Владата дека нејзина обврска е да комуницира транспаретно со јавноста и дека новинарските прашања не смеат да останат без одговор.

– Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија со загриженост констатира дека се појавува пракса во која Владата систематски одбива да одговара на новинарски прашања и го ограничува пристапот до информации од јавен интерес. Истата се повтори и на вчерашниот настан на кој владиниот Пи-ар одговараше селективно на новинарски прашања, стои во реакцијата.

ССНМ потсетува дека ПР службата на Владата има јасна обврска да одговори на секое новинарско прашање — без право да толкува дали прашањето „заслужува“ одговор или не.

– Одлуката за тоа кои прашања се релевантни не се во надлежност на владините комуникациски служби — тоа е во надлежност на новинарите, медиумите и јавноста. Ваквата пракса не смее да продолжи. Исто така, ССНМ бара од владините претставници задолжени за комуникација со медиумите да комуницираат со новинарите со почит и професионализам, велат од ССНМ.

Бараат Владата итно да воспостави редовна и отворена комуникација со медиумите, да овозможи пристап до информации од јавен интерес и да ги почитува стандардите на медиумската слобода загарантирани со Устав.

ПредходнаСудија во Граѓанскиот суд во Скопје не постапил по одлука на Уставниот суд
СледнаВирална реакција на јапонски хирурузи за време на земјотерс (ВИДЕО)