дома Живот Вирална реакција на јапонски хирурузи за време на земјотерс (ВИДЕО)

Вирална реакција на јапонски хирурузи за време на земјотерс (ВИДЕО)

Снимките од надзорната камера од болница во јапонскиот град Кумамото, Јапонија на кои е снимена реакцијата на хирурзи кога за време на операција областа го погодува земјотрес со јачина од 7,1 степени, стана вирална на социјалните мрежи.

Видеото, снимено на 28 јули, ги прикажува хирурзите како ги користат своите тела за да го заштитат пациентот на операционата маса додека сè околу нив се тресе, а опремата лета низ собата.

Двајца лекари цврсто ја држат операционата маса за да го заштитат пациентот во секое време, додека светлата трепкаат, а остатокот од тимот се обидува да ја одржи рамнотежата. Еден од нив паѓа на подот додека се обидува да ја обезбеди опремата што се движи.

Според извештаите на јапонските медиуми, хирурзите ја продолжиле операцијата откако земјата се смирила и успешно ја завршиле. Болницата продолжи со редовна работа на 5 август.

 Во земјотресот, чиј епицентар беше во јужниот дел од јапонскиот остров Кјушу, загинаа најмалку 38 лица, а над 120 беа повредени.

Властите во префектурата Кумамото соопштија дека земјотресот предизвикал експлозија во трговски центар и урнал фабрички оџак. Бројни згради беа оштетени, а на повеќе патиштата низ регионот се појавија пукнатини.

Најмалку 79.000 луѓе останаа без вода со денови, а 3.500 домаќинства останаа без струја на температури од 35 степени Целзиусови. Околу 9.000 евакуирани жители беа сместени во привремени засолништа. Потресот бил почувствувани дури до Јужна Кореја.

ПредходнаССНМ до Владата: Новинарските прашања не смеат да останат без одговор
СледнаПијан скопјанец со 3.29 промили алхокол направил сообраќајка