дома Македонија Пожар на површина со ниска вегетација во Момин Поток

Пожар на површина со ниска вегетација во Момин Поток

До Центарот за управување со кризи (ЦУК) е доставено известување од Територијална противпожарна бригада на Град Скопје за пожар на отоврено во  Момин Поток каде гори ниска вегетација

Според податоците на ЦУК до 13:00 часот на територијата на државата се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор, од кои два се активни, два се под контрола, а три се изгаснати..

Активни пожари има кај село Могила, каде гори ниска вегетација, и кај село Ропотово во Општина Долнени, каде е запалено стрниште.

Под контрола се ставени пожарот на депонијата во Делчево, како и кај местото Стојанова Населба во Општина Македонски Брод, каде огнот зафати ниска вегетација, деградирана шума и грмушки.

Изгаснати се пожарите помеѓу селата Долно и Средно Коњаре во Општина Петровец, кој зафати ниска вегетација, потоа кај село Паталишта во Општина Гостивар, каде гореа ниска вегетација и нискостеблеста шума, како и на депонијата кај село Доброшинци во Општина Василево.

ПредходнаБелгија најголем извозник на пиво во ЕУ
СледнаНАТО учествува во украинските напади врз Русија, обвинува Москва