дома Гастронаутика Специјалитети Препораки до Севернокорејците за справување со жештините: Јадете супа од кучешко месо...

Препораки до Севернокорејците за справување со жештините: Јадете супа од кучешко месо (ВИДЕО)

Корејскиот Полуостров деновие е погоден од топлотен бран, при што вчера во  Северна Кореја се измерени 36,7 степени Целзиусови, што претставува досега највисока регистрирана температура откако во земјата почнала да води евиденција.

Во вакви услови севернокорејските државни медиуми посветија необично внимание на најжешкиот период во годината, локално познати како самбок или „кучешки летни денови“, предлагајќи низа решенија за справување со горештините, а го прикажуваатсевернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун како трпи во суровите услови заедно со својот народ.

Меѓу повпечатливите препораки за справување со жештините е супата од кучешко месо, за која се вели дека го одразува традиционалното верување оти им помага на луѓето да ја издржат летната топлина.

Во статија за здравје објавена во весникот на владејачката Работничка партија, „Родонг Синмун“, лекар од Општата болница во Пјонгјанг препорачува освежителна храна како лубеница, краставици и грав, но и кучешко месо, рибја чорба и каша од црвен грав.

Весникот посвети посебна статија на супата од кучешко месо. Го опишува како традиционално летно јадење и потсетува на старата изрека дека „дури и ако супата од кучешко месо се истури врз стапалото за време на кучешките денови во лето, таа станува лек“.

ПредходнаНа 18 октомври ќе се избира нов градоначалник на Брвеница
СледнаДвајца Французи осудени во врска со смртта на јутјуберот кој почина при стриминг во живо