
Иранскиот план за забрзна за пловидба на американски бродови низ Ормуцкиот Теснец предизвика раст на индексите на европските берзи, а цената на северноморската нафта „Брент“ се искачи на 83 долари за барел.
Нафта „Брент“ на Лондонската берза претпладнево поскапе за 0,81 процент на 83,184 долари за барел, додека цената на американската сурова нафта порасна за 0,56 проценти на 77,730 долари.
Германскиот DAX порасна за 0,39 проценти, францускиот CAC 40 за 0,26 проценти, британскиот FTSE за 0,16 проценти, а московскиот MOEX се зголеми за 0,41 процент.
На отворањето на берзата во Амстердам фјучерсите за европски гас за септември се тргуваа по цена од 58,350 евра за мегават-час.
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс денес е 1,15207 долари, златото поскапе на 4,2588,36 долари за унца, а цената на пченицата достигна 6,3482 долари за бушел (еден бушел изнесува 27,216 килограми).
Ваквите берзански движења следат откако Иран објави нацрт-резолуција за конфликтот на Блискиот Исток со која се предвидува забрана за пловидба на американски бродови низ Ормуцкиот теснец. Во исто време, другите земји за кои Техеран верува дека му наштетиле на Иран ќе може да пловат низ Ормуц само откако ќе платат одреден надомест.
Повисоките цени на нафтата сигнализираат дека понатамошниот инфлациски импулс од енергијата и ситуацијата на Блискиот Исток не може да се игнорира, што доведува до пораст на американскиот долар и пад на државните обврзници, проценуваат експертите.




