
Исландските власти побараа од Европската комисија да не се меша во претстојниот референдум на Исланд за продолжување на преговорите за члентсво во ЕУ, изјавија претставници на ЕУ за бриселскиот портал „Еурактив“.
Исланѓаните на 29 август ќе гласаат на реферндум за тоа дали земјата треба да ги продолжи замрзнатите преговори за потенцијално членство во ЕУ.
Иако Владата на Исланд води кампања за гласање „За“ на реферндумот, сепак смета дека за каузата најдобро е Брисел да се држи на дистанца и да не се меша во референдумската кампања.
Со слично барање излезе и лидерката на најголемата опозициска партија на Исланд, десноцентристичката Партија на независноста, Гурун Хафстајнсдотир, која ги повикува европските политичари да се држат настрана од референдумот.
„Исклучително е важно оваа одлука во август да ѝ биде оставена на исландската нација“, изјави за Хафстајнсдотир за брисеслкиот портал „Политико“.
Реакциите од Рејкјавик доаѓаат откако неколку истакнати претставници на ЕУ ја поздравија можноста за обнова на преговорите.
Најавите на Доналд Трамп за анексија на Гренланд, кого тој постојано го нарекуваше „Исланд“ за време на говорот на овогодишниот Светски економски форум, ја интензивираа дебатата за тоа како малите арктички држави треба да се заштитат кога се справуваат со поголеми сили.
Поддржувачите на поблиските врски на земјата со ЕУ сметаат дека глобалните превирањаодат во прилог на аргументот за „вкотвување на Исланд во Европа“.
Но, Хафстајнсдотир од друга страна смета дека наместо челнство во ЕУ, на Исланд му се потребни „силни сојузи, но без да се откаже од контролата врз националните одлуки“.
ЕУ често ја обвинува Русија за обиди за мешање во изборните процеси во Европа.




