дома Македонија Црна хроника МВР: 222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 лишени поради безобѕирно...

МВР: 222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 лишени поради безобѕирно возење

МВР: 222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 лишени поради безобѕирно возење

  Во Средата во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е акциска контрола на целата територија на нашата држава за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 222 возачи. Од нив, 186 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 14 возачи се лишени од слобода поради сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, сите возеле без возачка дозвола, а 14 мотоцикли се одземени – соопшти МВР.

За време на контролата санкционирани се и 197 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

ПредходнаОпштина Гази Баба организира комеморативен настан посветен на десетгодишнината од невремето во кое загинаа 22 лица
СледнаПукање во училиште во Тајланд. Ученик уби наставник, потоа се самоуби, а неколкумина се повредени