дома Македонија На 18 октомври ќе се избира нов градоначалник на Брвеница

На 18 октомври ќе се избира нов градоначалник на Брвеница

На 18 октомври ќе се одржат предвремените избори за градоначалник на Брвеница откако ненајдено почина градоначалникот Јовица Илиевски.
Одллуката денеска ја потпиша претседателот на Собранието Африм Гаши за што информираше на социјалните мрежи.
– Очекувам од Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија на Брвеница и од сите органи задолжени за спроведување на оваа одлука, изборниот процес да го спроведат професионално, непристрасно и со целосно почитување на законот и процедурите. Ги повикувам сите кандидати и политички субјекти изборната кампања да ја водат достоинствено, натпреварувајќи се со програми, идеи и визија за развојот на општината, а не говор што потикнува поделби или постапки што ја нарушуваат довербата на граѓаните во демократскиот процес, вели Гаши.
Ги повикува и граѓаните на Брвеница да учествуваат на изборите и одговорно да го остварат своето демократско право, придонесувајќи кон мирен, уреден и кредибилен изборен процес.
ПредходнаПијан скопјанец со 3.29 промили алхокол направил сообраќајка
СледнаПрепораки до Севернокорејците за справување со жештините: Јадете супа од кучешко месо (ВИДЕО)