дома Свет Балкан Дрон експлодира во близина на гасовод во Бугарија

Дрон експлодира во близина на гасовод во Бугарија

Дрон натоварен со „значително количество експлозив“ утрово навлезе во бугарскиот воздушен простор и експлодира во близина на Трансбалканскиот гасовод, недалеку од границата со Романија, по што се урна во поле со сончогледи, соопшти бугарскиот премиер Румен Радев.

Во видео обраќање објавено од бугарската Влада на социјалните мрежи по одржаната вонредната седница на владиниот Совет за безбедност, Радев инфромира и дека при инцидентот „нема жртви“.

Дронот експлодирал во непосредна близина на преминот „Кардам“ на бугарско-романската граница, недалеку од Црното Море, и на околу 1.000 метри од компресорската станица на Трансбалканскиот гасовод, што ја поврзува Турција со Украина.

Бучавата од дронот ја регистрирала романската гранична полиција, а потоа патролата на бугарската гранична полиција слушнала „силна експлозија и видела црн чад“, додаде бугарскиот премиер во видеото.

„Едно е сигурно. Дронот носел значително количество експлозив, со оглед на тоа што се слушнал од далечина и произвел толку висока столб на црн чад. Се урна во поле со сончогледи и се надевам дека наскоро ќе дознаеме за каков тип се работи“, нагласи Радев, тврдејќи дека не станува збор за „рекреативен“, туку за „поголем дрон“.

Според Радев, дронот не го открила ниту Бугарија, ниту Романија. „Како што знаете, идентификувањето и неутрализирањето на овие дронови е голем предизвик“, додаде Радев.

Инцидентите со дробови се зголемија во последните месеци во источноевропските земји, членки на НАТО кои ја поддржуваат Украина во нејзиниот конфликт со Русија.

Романија, која се соочува со чести упади на беспилотни летала од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година, од кои некои се урнаа на нејзина територија, на крајот на јули донесе одлука за неутрализирање на секој дрон што ќе навлезе на нејзина територија.

ПредходнаПоголеми пожари во Сопиште и Волково, се вклучуваат ер тракторите
Следна„Гардијан“: Компанија блиска до Трамп во илегална потрага по нафта на Гренланд