дома Свет Балкан Неколкумина повредени при судир на патнички и товарен воз во Хравтска (ВИДЕО)

Неколкумина повредени при судир на патнички и товарен воз во Хравтска (ВИДЕО)

Неколку лица се повредени утрови при судир на патнички и товарен воз помеѓу станиците Свети Иван Жабно и Градец во близина на хрватскиот град Крижевци, соопшти хрватската полиција.

„Денеска, 8 август, околу 10:08 часот, примена е пријава за судир помеѓу патнички и товарен воз на железничката линија Загреб – Бјеловар. Во судирот се повредени неколку лица на кои и им е укажана медицинска помош. Истрагата е во тек“, се наведува во полициското сооппштение.

Во моментот на судирот во патничкиот воз имало околу 20 патници.

Поради судирот пругата е затворена за сообраќај.

Полицијата не прецизираа каква е состојбата на повредените, но хрватските медиуми јавија дека меѓу нив е и машиновозачот на патничкиот воз, кој се здобил со посериозни повреди.

Патничка во возот за порталот Индекс.хр изјави дека машиновозачот е сериозно повреден и веројатно „има скршен ‘рбет“.

„Ние, полесно повредените, сè уште чекаме под еден надвозник. Тоа е мал надвозник, а пожарникарите нè симнаа долу. Има неколку противпожарни возила. Малкумината од нас кои имаме малку болки, ќе одиме во болницата во Бјеловар, тие ќе нè однесат. Има пожарникари, брза помош, мислам, ужасна слика, челен судир, од едната страна има воз од Загреб, од другата страна, па, од правец на Бјеловар, товарен воз со околу 15 цистерни, изјави жената.

 

ПредходнаСАД ја санкционира крипто берзата во Дубаи поради врски со Иран.
СледнаПожари во Брњарци и Волково, гори ниска вегетација