дома Свет Балкан Несреќа во Хрватска, се судрија патнички и товарен воз, има повредени

Несреќа во Хрватска, се судрија патнички и товарен воз, има повредени

Патнички и товарен воз се судрија утрово во близина на Бјеловар. Според првичните информации, има повредени.

Хрватските медиуми јавуваат дека несреќата се случила меѓу станиците Свети Иван Жабно и Градец.

Сообраќајот е во прекин, а на местото на несреќата упатени се екипи на брза помош.

 

ПредходнаПриведен возач кој ја предизвикал несреќата во Радишани, избегал и не им помогнал на повредените
СледнаКонститутивната седница на собранието нa Koсово продолжи во Приштина