
На социјалните мрежи се појави снимка на која во коноба на Корчула Нина Бадриќ и Јаков Јозиновиќ спонтано го изведуваат хитот на Оливер Драгојевиќ, „Прати ме кроз снове“, во придружба на Анте Гело на гитара.
На снимката се гледа како Гело свири на гитара додека Бадриќ и Јозиновиќ пеат, а други гости им се придружија во изведбата.
Спонтаната изведба следеше по повеќедневниот настан „Траг у бескрају“, кој се одржа на неколку локации и кој и оваа година собра голем број изведувачи во родниот град на Драгојевиќ, Вела Лука.
„Прекрасна вечер, драги Бата, секогаш нè угостиш за незаборавно и максимално опуштање. Ти благодариме тебе и на твоето семејство“, наведе Нина Бадриќ во коментира на објавената снимка на Инстаграм страната на конобата „Бата“.
Други корисници, исто така, оставија позитивни коментари, како „Прекрасно“, „Прекрасни сте“ и „Браво, добри луѓе“.




