
Градската советничка од новозеландскиот град Данидин , Џо Галер се вклучи онлајн на состанок на Советот преку платформата Зум. Настанот немаше да привлече внимание доколу Галер на се јавеше од нејзината бања, што брзо привлече поголемо внимание од самата дискусија на седницата посветена на реформата на локалната самоуправа.
На снимаката јасно се гледаат алишта што се сушат алишта во позадина, па тоа набрзо го привлече вниманието на присутните на седницата. На ова реагираше градоначалничката, која и предложи на Галер да ја помести камерата.
„Можеби треба да ја поместиш камерата“, рече таа.
„Па, каде е?“, одговори Галер.
„Можеме да ја видиме твојата долна облека“, објасни градоначалничката.
Галер не беше премногу вознемирена поради тоа.
„Ах, во ред… ме гледате ли?“, праша таа.
Откако доби потврден одговор, само ги крена рамената.
„Одлично. Ја гледаде мојата долна облека, ме гледаде мене. Нема проблем“, рече таа и продолжи да зборува за реформата на локалната самоуправа и трошоците на градот.
Ситуацијата наскоро стана уште понеобична кога при обраќањето на Галер, низ мат стаклената врата зад неа можеше да се види силуета на човек. Не е јасно дали вратата водеше кон туш или кон друга соба, но глетката брзо го привлече вниманието.
Во еден момент, низ мат стаклото можеше да се види рака, која брзо се повлече.
“You might want to move your camera… we can see your washing.”
A New Zealand politician accidentally dialed into a city council meeting from her bathroom, with laundry hanging in full view behind her.
When the mayor pointed it out, Jo Galer simply replied: “Okay, you can see… pic.twitter.com/ufyIVkw7i7
— Fox News (@FoxNews) August 6, 2026
Снимката почна да се шири на социјалните мрежи, а гледачите во коментарите се прашуваа кој всушност бил зад вратата.
„Кој бил под тушот? Дали е тоа нејзиниот партнер? Дали држи некого како заложник?“, се пошегува еден гледач.
Необичната сцена набрзо го засени она за што всушност зборуваше Галер, а снимките од седницата се проширија на социјалните мрежи и го привлекоа вниманието на медиумите надвор од Нов Зеланд.




