
Слика од екранот: X
Тврдењето дека Хитлер и нацизмот припаѓале на политичката левица е во спротивност со преовладувачкото историско толкување на нацизмот како крајно десничарска, фашистичка и ултранационалистичка идеологија.
Најпознатата светска енциклопедија Британика наведува дека социјалистичката реторика на Национал-социјалистичката германска работничка партија главно служела за привлекување на работничката класа, додека Хитлер го отстранил социјалистичкото крило на сопствената партија откако дошол на власт.
Маск и претходно изнесе слични тврдења.
Маск претходно јавно го поврза Хитлер со социјализмот. За време на разговор со лидерката на германската AfD, Алис Вајдел, на почетокот на 2025 година, тој се согласи со нејзиното тврдење дека Хитлер бил комунист, што предизвика голем број реакции.
Во последниве години, Маск сè повеќе јавно ја критикува Демократската партија на САД, левичарските политички групи и нивните политики, и отворено поддржува одредени десничарски и крајно десничарски политички опции во САД и Европа.
Неговата компанија xAI е дел од SpaceX од февруари, откако SpaceX ја купи компанијата за вештачка интелигенција.




