Продолжува периодот на многу топло време со максимални температури околу 40 степени. Најтопло, според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде во вторник и среда.

За денеска се најавуваат дневни температури од 32 до 39 степени со можност за краткотраен пороен дожд попладне.
Во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност во текот на денот.




