
Повозрасна жена од Париз денеска во црквата што редовно ја посетувала донела две бомби што ги пронашла во зградата во која живее, поради што итно биле авакуирани околу стотина верници од објектот и интервенирала полицијата, јавија француските медиуми.
Според медиумските извештаи, жената отишла во црквата Нотр Дам де ла Гар во 13-тиот арондисман во Париз за да му го покаже своето „откритие“ на парохискиот свештеник. Тој ги отстранил двете експлозивни направи од сакристијата и за случајот ги известил надлежните органи.
Полицијата брзо реагирала, евакуирајаќи околу стотина верници и поставувајќи безбедносен коридор околу црквата.
Набрзо пристигнале и експерти за деактивирање бомби, кои ги идентификувале предметите како „маневрски и димни бомби“, кои не претставуваат закана за човечкиот живот, па ги укинале безбедносните мерки за да може да продолжи црковната служба.
Покрај ова бил извршен и претрес во домот на жената, но не биле пронајдени други бомби. Свештеникот изјавиа дека не сака да поднесе формална тужба.




