
Процесот на нормализација на водоснабдувањето во Гостивар бара строга медицинска и лабораториска верификација. Со цел целосно да се исклучи ризикот од бактериски инфекции кај населението, за официјално укинување на забраната за пиење е потребно дополнително време. Граѓаните ќе мора да почекаат на три последователни тестирања што ќе покажат нула присуство на штетни микроорганизми пред водоводот повторно да добие дозвола за употреба во домаќинствата.
Правната разврска за кризата со водоснабдувањето започна на 20 јули, кога Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истражна постапка за тешки дела против животната средина и природата. Во рамки на оваа истрага, одреден е 30-дневен притвор за в.д. директорката на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, Артана Асани, како и за техничкиот раководител на Секторот за технички работи и раководителот на Одделението за водовод, канализација и градежни работи. АКо се земе искуството и праксата на „брзо’ решение и правна разврска, како што е КОчани, ништо не ветува дека и Гостивар и приказната со водата ќе трае.




