дома Магазин Хали Бери во топ форма и на 60 години

Хали Бери во топ форма и на 60 години

Актерката Хали Бери деновиве ќе го прослави својот шеесетти роденден, а најновите фотографии што ги сподели од семејниот одмор покажуваат дека годините не ѝ можат ништо.

Познатата актерка го поминува летниот одмор на приватен остров на Фиџи заедно со нејзиниот вереник Ван Хант и нејзините деца.

Со опуштена фризура и цвет во косата, Хали Бери позира пред камерата носејќи заводлив, широк летен фустан со прерамки, под кој нема градник.

Во дел од коментарите од обожавателите се најдоа и такви во кои и порачуваат дека старее како добро вино.

– Само да изгледаме сите вака на 60 години, нема шанси на таа торта да пишува 60, се е толку совршено… се дел од коментарите.

 

 

ПредходнаМаск: Хитлер беше левичарски социјалист
СледнаТри дена протести на земјоделците од Струмичко