
Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и течението на реката Вардар на предвидениот потег. Границата на подрачјето за третирање го опфаќа Езерото Младост, селото Отовица и месноста Јарбош, а по течението на Вардар се протега од север, од Башино Село, низ Велес, до вливот на реката Бабуна и селото Горно Караслари.
На западната страна, границата започнува од населбата Превалец, продолжува преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и Горно Оризари.
Како и во претходните години, со третманот ќе биде опфатен и рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.
Од локалната самоуправа ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите во периодот на третирањето.
Авионското прскање ќе се врши со средството AKVA K–OTHRINE 2 EW, биоциден производ на производителот BAYER ENVIRONMENTAL SCIENCE SAS од Франција, кој е одобрен од Министерството за здравство на Република Северна Македонија.




