дома Свет Захарова: Западот ја игнорира изјавата на германскиот новинар за убивање Руси

Захарова: Западот ја игнорира изјавата на германскиот новинар за убивање Руси

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека Западот ја игнорира, како што ја нарече, „скандалозната“ изјава на германскиот новинар Михаел Мартенс за убивање Руси, бидејќи, според неа, токму тоа го мислат западните земји кога зборуваат за „нанесување стратешки пораз на Русија“.


„Дали некој на Запад ги осудил реваншистичките изјави на овој потомок на нацисти? Тишина. Гроб. Бидејќи за таканаречениот „цивилизиран“ свет, овој нацистички внук кажа точно она што сите го мислат, само што тој не го нарече „нанесување стратешки пораз на Русија“, туку буквално „убивање Руси“, напиша Захарова на својот Телеграм канал, објави Спутник.
Захарова истакна дека дедото на Мартенс бил висок нацистички офицер кој служел во седиштето на Врховната команда на Вермахтот.
Дописникот на „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ за Југоисточна Европа, Михаел Мартенс, во саботата, на прес-конференцијата на српскиот претседател Александар Вучиќ и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белград, праша што европските земји би можеле да направат за да „помогнат во убивањето на повеќе Руси“, потсетува „Спутник“.

ПредходнаГрција спаси 26 мигранти пронајдени на море кај Крит
СледнаПонеделнички хороскоп: Овенот мора да преземе иницијатива, Бикот мора да преговара за зголемување на платата