Грчките пристанишни власти лоцираа и спасија 26 странци кои биле во чамец во морска област 36 наутички милји јужно од островот Гавдоса кај Крит.

Бродот бил пронајден од авион на Фронтекс, додека патниците биле подигнати од близок товарен брод под либериско знаме, јавува ЕРТ.
Спасените мигранти потоа биле транспортирани до пристаништето Палеохора.
Како што е наведено, операцијата била координирана од Единствениот центар за пребарување и спасување на Пристанишната управа, а се одвивала во тешки временски услови поради силни ветрови.




