
Медиумската компанија на американскиот претседател Доналд Трамп, „Трамп Медија енд Технолоџи Груп“ соопшти дека во вориот квартал од оваа фодина остварила нето загуба од 238,1 милиони долари, што е драстично зголемување во споредба со загубата од околу 20 милиони долари во истиот период лани.
Но, и покрај загубите, приходите на „Трамп Медија“ во вториот овогодишен квартал се зголемија на 1,7 милиони долари од 0,9 милиони долари во истиот период лани.
Главната причина за големата загуба се активности поврзани со криптовалути.
Вредноста на криптовалутите беше под притисок во периодот од април до јуни, бидејќи инвеститорите избегнуваа поризични инвестиции поради неизвесноста околу каматните стапки во САД, геополитичките тензии и континуираните одливи на капитал од инвестициски производи поврзани со криптовалути.
Финансиските резултати на кога „Трамп Медија“ беа објавени во време кога компанијата се обидува да оствари нови приходи преку услугата Truth API. Тоа е лиценцирана услуга за податоци што им нуди на банките и трговците брз пристап до објави од влијателни профили на мрежата Truth Social, како што е оној на Доналд Трамп, чии објави често влијаат на движењата на пазарот.
Според претходните медиумски извештаи, компанијата разгледувала цена од 100.000 долари месечно за користење на API. Компанијата вчера соопшти дека потпишала повеќе од десетина договори за услугата, која започна на 1 август, и дека продолжува да привлекува нови партнери.
„Нашиот нов производ Truth API веќе генерира приходи и до денес потпишавме повеќе од десетина договори со клиенти“, соопшти в.д. извршниот директор на компанијата, Кевин Мекгурн.
Тој најави и дека компанијата продолжува со планираното спојување со енергетската фирма „ТАЕ Технолоџист“, со што „Трамп Медија“ ќе навлезе и во енергетскиот сектор, кој доживува раст поттикнат од потребата за отворање центри за податоци за вештачка интелигенција. Овој потег го проширува портфолиото на деловни потфати на семејството Трамп, кое веќе вклучува криптовалути, недвижности и мобилни услуги.




